Предметите на СЈО ќе имаат пресуди, секој што се огрешил пред законот ќе одговара, порача вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, преку честитката што на Фејсбук му ја испрати на Метју Палмер.
– Честитки до Метју Палмер за новата должност – специјален претставник на САД за Западен Балкан. Ја имаме поддршката од САД да го продолжиме патот што го отворивме за своите граѓани – членство во НАТО и ЕУ. Се согласивме дека на тој пат нема место за калкулации со одговорноста. Предметите на СЈО ќе имаат пресуди, секој што се огрешил пред Законот ќе одговара, без исклучок, напиша Шеќеринска за Фејсбук.
Но, освен предметите на СЈО, не појаснува дали, без исклучок, ќе одговара секој што се огрешил пред законот и за предмети кои не се од СЈО, туку токму за СЈО, како на пример предметот Рекет?!