Откако градската власт на Петре Шилегов се испофали со новите контејнери за ѓубре низ Скопје, се јави потреба од воведување нов сообраќаен знак во градот: Внимавај, контејнер на велосипедска патека.

Од фотографиите што се вртат по социјалните мрежи и коментарите на граѓаните, очигледно е дека толку фалените контејнери не се на прав(а) пат(ека). Напротив. Тие прават искривени велосипедски патеки низ Скопје, на што се жалат граѓаните.

Но, како што најави Шилегов, наскоро скопјани ќе го фрлаат ѓубрето во уште пософистицирани контејнери за смет, со чип картички.

Белки тие нема да им пречат на велосипедистите и, софистицирани и умни, на ѕвонење на ѕвончето од велосипедот сами ќе се тргаат од велосипедските патеки.