Францускиот амбасадор во Советот за безбедност на ОН, кој претседава во јануари, вели дека е песимист за борбите во Украина во 2024 година.

-Мислам дека (ситуацијата) не се подобрува, туку дека се влошува, изјави во вторникот во Њујорк францускиот амбасадор во ОН, Николас де Ривиер.

Бројот на руски напади со беспилотни летала и ракетни напади се зголемува и тие очигледно се насочени кон цивилната инфраструктура на Украина, рече де Ривиер.

-Постои јасна агенда, дизајнирана да го исплаши населението, посочи тој, додавајќи дека сето ова е целосно спротивно на меѓународното хуманитарно право.

Де Ривиер нема надеж дека преговорите меѓу завојуваните страни ќе бидат можни на краток рок, но, според него, напорите за воспоставување мир во Украина треба да се задржат итно.

фото: МИА архива