Францускиот обвинител Кристијан Рошенај денеска изјавил дека познатиот писател, телевизиски водител и готвач, Антони Бурден (61), вчера во купатилпто од хотелската соба во местото Кајзерберг се обесил со коланот од наметката од бањата, пишува Дејли меил.

„Нема елементи кои би сугерирале дека било кој, во било кој момент влегол во неговата соба. Медицинскиот вештак утврдил дека на неговото тло нема трагови на насилство“, додал обвинителот.

Тој истакнал дека во моментот се вршат токсиколошки анализи за да се утврди дали Бурден земал лекови, наркотици или алкохол. Познато е дека водел битка со зависноста, но последните години бил „чист“.

Телото на Бурден во хотелската соба го пронашол неговиот пријател , францускиот готвач Ерик Риперт.