Џена Трджил, жената која го преживеа холокаустот и која во логорот Берген-Белзен се грижела за Ана Франк неколку месеци пред ослободување, починала во четвртокот на 95-годишна возраст.

Трджил животот го посветила на споделување на својата историја низ еврејското гето во Краков и концентранционите логори Аушвиц, Бухенвалд и Берген-Белзен.

Во болницата во Берген-Белзен, Трджил се грижела за Ана Франк додека девојчето умирало. За Би Би Си сведочела: „И го измив лицето со вода и да дадов да пие и се уште можев да видам како изгледаше“.

По војната се омажила за Норман Трджил, еден од војниците кој учствувал во ослободување на логорот.