Три меѓунаордни ѕвезди ќе се погрижат за забавата на стадионот Лужники во Москва пред да почне официјално да се тркала фубдалот со мечот Русија-Саудиска Арабија, јави Итар-Тасс

„Светската музичка икона Роби Вилијамс ќе ги забавува илјадниците гледачи на стадионот, како и милионите пред ТВ екраните, а познатата сопранистка Аида Гарифулина ќе му се придружи на сцената за време на музичката екстраваганција. Фудбалската слава ќе биде претставена од бразислкиот фудбалер со две шампионски титули – Роналдо“, пренесува Тасс.

Мечевите од Светското првенство 2018 ќе почнат на 14 јуни, а финалето ќе се игра на 15 јули на 12 стадиони во 11 градови во Русија.

Многу сум среќен и возбуден што ќе се вратам во Русија за еден ваков уникатен настан. Сум настапувал многу во мојата кариера, но настап на отворањето на ФИФА Светскиот куп пред 80.000 публика и милиони низ целиот свет е мојот сон од детството, изајви Роби Вилијамс.

Гарифулина, солистка во Виенската државна опера, пак, рече дека никогаш не ни помислила дека некогаш ќе биде дел од таков огромен настан.

„Никој не знае што ќе се случи во тие четири недели фудбал, но секој од нас е сигурен дека тоа ќе биде за сеќавање“, вели Роналдо.