„Македонија да го признае своето бугарско минато, а Софија – дека Тито создал македонска нација”.

Нема како да се откажеме од бугарската историја во Македонија! Тоа го вели историчарот академик Георги Марков во интервју за бугарски „Труд”.

„Нашите соседи едно утро во 1944-та година се разбудиле како Македонци. Не можеме да ја прифатиме нивната теза, како така нашата државата да го проголта овој цинизам?”, категоричен е академикот.

„САД ќе ја протуркаат Северна Македонија во НАТО, тоа е јасно. Чичко Сем го брка Дедо Иван од Балканот, сепак за Европската унија тоа е доста посложено. Таму нема тоа лесно да се случи, а и чичко Сем нема како да ги протурка, бидејќи нема интерес”, вели Георги Марков.

Историчарот го цитира поранешниот македонски премиер, бугарски државјанин Љубчо Георгиевски, кој рече пред неколку години: „Ние мора да го признаеме бугарското минато до крајот на Втората светска војна. А Софија треба да ја признае сегашноста – дека Тито создал некаква македонска нација. Тие рекоа: „Како така, ние штом имаме македонска нација, треба да имаме национални херои”, вели Георги Марков.

Македонија во ЕУ само по демонтирањето на лажната историја

„Дури и кога бев директор на Институтот за историја при Бугарската академија на науките, тие велеа: „Имаме многу херои.  Гоце Делчев, Даме Груев и Јане се наши. Вие земете си ги Тодор Александров и Иван (Ванчо) Михајлов. „Тогаш уште не посегнаа по Тодор Александров … Таквото распоредување на историјата е злоупотреба“, вели историчарот.


„Видете уште од нивните „предлози”: За Илинденското-Преображенското востание велат: Ние го имаме Илинденското, вие земете го Преображенското. Молам? Тоа не е женскиот пазар! Нема како да се направи. Никакви компромиси”, категоричен е академик.

„Нема како да се откажеме од бугарската историја во Македонија! Тоа тие треба да го разберат, а ние не треба да плукаме врз себеси и врз гробовите на нашите предци. Тие млади јунаци загинале за една национална кауза, но тоа не е каузата за независна македонска држава “, изјави Георги Марков.

Во врска со билатералната комисија, која би требало да ги реши историските прашања меѓу двете земји, тој вели: „Грците ја држеа 30 години Македонија подалеку од НАТО и успеаја. Пристапот им беше профитабилен. Скопје се откажа од т.н. античко наследство за Александар Македонски. А ние потпишавме договорот со Македонците, за да му угодиме на чичко Сем (САД). Тоа се случи така што политичарите рекоа: „Еве, тука има некои историчари, тие ќе завршат работа”. А навистина претходно беше јасно дека комисијата нема како да помогне “.

Георги Марков објасни дека во Македонија многу генерации се образувале со друга историја. „Самиот Никола Груевски рече пред 4-5 години:” Како тоа Бугарите имаат градови Гоце Делчев и Сандански? Тоа се наши национални херои. Јас тоа сум го учел во училиште!” Па, да, но тој учел една лажна историја со миење на мозок”, вели Георги Марков.

За изјавата на македонскиот претседател, Стево Пендаровски, кој рече дека Гоце Делчев е Бугарин, но сакал да се бори за независна македонска држава, историчарот објаснува: „Тоа е исто глупост! Нашиот академик Љубомир Милетич ги собра спомените и на Гоце , на Даме Груев и тие три пати се издавани. Даме вели: „Ние знаевме дека нема да има второ Соединение, нема да има втора Источна Румелија, соседите нема да дозволат тоа да се случи. Се бориме за автономија, сакаме автономна Македонија, но со идно пристапување кон Бугарија “.

Сепак, Македонците не се обиделе да го „присвојат“ големиот Бугарин Иван (Ванче) Михајлов “, вели историчарот.