Бугарското вето ќе им нанесе голема штета на двете држави, смета поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, кој во Софија вчера се сретна со бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Во интервју за БГНЕС, Георгиевски вели дека, според него “длабоката држава“ во Македонија ги нарушува односите меѓу двете земји, но тие структури не се македонски. Од друга страна Георгиевски ги признава заслугите на Заев и неговата желба за пријателство со Бугарија, пренесува Телма.