Поради самата промашена квалификација за „тероризам“, мораше во повторено судење да им се овозможи на патриотите од 27-ми април да ја докажат својата невиност. Во поинакви услови и со друга квалификација тие веќе ќе беа на слобода, истакна поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев во „За или против“ со Љупчо Цветановски.

-Самата квалификација на делото и сето она што се случуваше во процесот, начинот на кој што беа судени сите тие луѓе кои беа квалификувани како терористи, а настанот како тероризам, со самото тоа – секој оној кој е барем малку упатен во општествените појави во Европа, во светот и во САД, гледа као во САД се разрешија настаните околу Капитол Хил и сите луѓе кои беа дел од некаков наводен терористички акт беа ослободени или амнестирани од претседателот на САД. Со сите факти се гледа дека во Македонија немаше тероризам, дека тоа беше само едно упаѓање во парламентот и сосема поинаква ќе беше квалификацијата на делото и доколку тие луѓе така беа третирани тие ќе беа ослободени уште пред неколку години и ќе беа дел од нашиот социјален и општествен живот, потенцира Ѓорчев.

Вака, за жал, дел од нив веќе и не се меѓу нас, што покажува дека не сме хумано општество и не водиме грижа за сопствените луѓе, посочи тој во интервјуто во ТВ Алфа.

-За жал ние во Македонија сме робови на една наметната психологија во разрешување на едни такви ситуации, несреќна ситуација, многу од нив и не се веќе меѓу нас, затоа што умреа во затворот. Тоа на некој начин покажува дека не сме хумано општество дека не водиме грижа за луѓето и тоа е најголема трагедија. Уставниот суд можеше да има увид во тоа, во квалификацијата на делото и така да се испочитува нивното уставно право на правда и да се дозволи да се повтори постапката и да докажат во таа постапка дека тие требаше одамна да бидат дел од нашиот нормален, општествен живот, рече Ѓорчев и потсети дека во целиот тој случај имаше многу недоречености, недостиг на записник од седницата, начинот на кој се изгласа Џафери за претседател, пеењето на албанската химна и дузина други причини кои директно доведоа до упадот на народот во народниот дом, кој тогаш беше се, само не и народен.