Исцрпувачки и невидливи симптоми, сериозно влијание врз текот и квалитетот на животот – Мултиплекс склероза, болест за која малку се зборува, но свесноста за неа мора да се подигне.

По повод одбележувањето на Денот на мултиплекс склероза, параплегија и дистрофија, денеска во Скопје во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, се одржа јавен настан за подигање на свеста за потребите и правата на лицата со мултипла склероза, параплегија и дистрофија.

Причината за мускулна дистрофија сè уште не е позната и досега не постои лек, но постојат лекови кои можат да им помогнат на лицата да ја стават болеста под контрола и постојат многу опции за подобрување и управување со симптомите.

Оваа кампања се спроведува се со цел да се помогне на луѓето што боледуваат, и како институциите и општеството да им понудат соодветна поддршка. На тој начин општата јавност ќе се запознае со големиот број на исцрпувачки симптоми со кои секојдневно се соочуваат лицата, а општата јавност не ги гледа.