Граѓаните масовно донираат облека, храна, хигиенски средства и се она што сметаат дека им е неопходно на луѓето погодени од разорниот земјотрес во Сирија и Турција.

Пунктот е отворен 24 часа се со цел поголема достапност до граѓаните.

Од таму информираат дека акцијата ќе трае до сабота на полноќ, по што потоа истите ќе започнат да се транспортираат кон погодените подрачја.

Досега во земјотресот загинаа над 8 илјади луѓе, а Македонија како земја, општините и институциите на различни хуманитарни начини се вклучуваат во оваа мисија.