Во договорот постои решение за државјанството, а не за идентитетот, бидејќи не можеме да им го забраниме правото на соседите да се самоопределуваат како Македонци, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во вчерашното интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, јави МИА.

– Овој договор тоа што го прави е да не го потценува правото на самоопределување, тоа не можеме да го направиме. Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци, рече грчкиот премиер и објасни дека во договорот терминот „Македонци“ не се однесува на историјата на грчката Македонија.

Но, дали ова може да му помине на Ципрас во парламентот каде ќе му треба мнозинство за да го ратификува договорот? Битката почна. Неговиот министер за одбрана Панос Каменос рече дека договор кој содржи име „Македонија“ не прифаќа. За Нова демократија и нејзиниот лидер Киријакос Мицотакис многу точки од договорот се проблематични и опасни за Грција. Од денес почнува грчкото парламентарно чистилиште, а еве што поднесе Мицотакис како приговор за договорот, кој според НД е„развод на владата со вистината“:

1.И на грчки и на англиски јазик не е јасно дали Грција може да го користи терминот „Северна Македонија“ непреведено, како што Ципрас јавно погрешно го поддржа. Термниот „Северна Македонија“ никаде не може да се најде во договорот. Спротивно, договореното име е „Republic of North Macedonia” во скратена верзија (Члн 1 (3а)).

2.Апсолутно е неточно дека владата успеала да го блокира Скопје со таканречената ерга омнес, име за севкупна употреба. Членот 1 (10) предвидува официјалните документи за меѓународна употреба да се сменат за 5 години, додека тие за внатрешна ќе се менуваат во зависност од преговорите за членство во ЕУ…Единствено нешто што успеале е да ги сменат регистарските таблички во „НМ“ или „НМК“. Кодот „МК“ останува непроменет.

За прв пат Грција признава „македонска“ етничка група и претпоставувам „македонски“ јазик Ова е неприфатливо зашто македонскиот јазик и националноста се коренот на ирдентизмот на Скопје. Екстремните елемнти на нашата соседна држава кои се самоидентификуваат како „Македонци“ ќе бидат легализирани од Грција како и идните тврдења дека „македонската нација“ се протега преку границите. Зашто кога граѓаните се нарекуваат „Македонци“, а нивната ржава „Северна Макдонија“, логично е да се заклучи дека има друга „Македонија“ – очогледно на југ. Пример Северна и уУжна Кореја имаа ист национален идентитет.

Колку е некоректна концесија за македонска нацја е потврдено со фактот што Бугарија иако ги призна под уставното име „Република Македонија“ никогаш не признала „македонска нација“ и „македонски јазик“.

Членот 7 со ништо не им забранува да ја пропагиараат историската лага оти античките Македонци не биле Грци. Кој во иднина може да и забрани на некоја друга влада да се врати на добропознатата пропаганда? Конечно, никој не може правно да го осигура ова со договор.

Колку беше погрешно што Коѕијас прифати „Илинденска Македонија“ во чиј Манифест се вика „Македонија на Македонците“. Овој договор нивните побарувања не ги неутрализира.

7.Нешто нечуено, а што се криеше до пред неколку часа:Членот 8 (5) вели дека ќе се формира интердисциплинарен комитет кој ќе ги процени историските учебници на двете земји со цел да се остранат ирационални извештаи. Со други зборови комитетот нема да проценува само како Скопје ќе ја предава иторијата, туку исто така и Грција. Значи просто кажано и Грција ќе се проверува за возможна неодговорна пропаганда во нејзините учбнии  од кои учат децата.

8.Во однос на видливото членство во НАТО во Членот 2 не е јасно дали одредените услови кои ќе ги постави Грција безусловно ќе бидат прифатени од сојузниците.

Нема одредба во текстот дали откако тој ќе биде поднесен во ОН ќе биде усвоен од СБ со цел да се замени Резолуцијата 817/1993

Како заклучок, со овој договор ние признаваме „македонски“ јазик и нација, речиси предвидуваме консензус за македонското членство во НАТО. Со други зборови, владата со цел да добие убави наслови во печатот, ги поткопува преговарачките позции на земјата на целосно нерифатлив начин.