Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека на ОН им недостигаат пари и ги повика државните членки да ги подмират долговите.

Во писмо до државите членки Гутереш наведува дека од 30 јуни буџетот на ОН е во дефицит од 139 милиони. Тој оцени дека Организацијата „никогаш не се соочила со толку тешка ситуација во врска со протокот на пари толку рано во календарска година“.

– Организација како нашата не би требало да трпи постојани допири со банкрот. Но, поголема болка чувствуваат оние на кои им служиме кога не можеме, поради скромни средства да одговориме на нивните повици за помош, наведува Гутереш.

Буџетскиот комитет на ГС на ОН одобри во декември буџет од 5,4 милијарди долари за периодот од 2018 до 2019 година за кој американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли рече дека претставува намалување од 285 милиони долари во однос на периодот 2016-2017 година.

Според податоци на ОН, 112 од 193 членки досега не го платиле својот дел во буџетот.