Во Протоколот на Пржинскиот договор од 2 јули 2015, кој стана составен дел на Договорт, во точка 6 стои:

6. Горното правило дека актуелната влада ќе даде оставка 100 дена пред наредните избори и дека ќе биде назначена нова влада ќе важи за изборите во 1 април 2016 и, по неопходните законски промени што треба да стапат во сила најбрзо што е можно, и за идните избори.

Тоа значи дека според ова, „и з аидните избори“, мора да се формира техникча влада согалсно одредбите ан договорот. А тие одредби предвидуваат:

Долупотпишаните страни се согласуваат со следново:

1. На 1 септември 2015 СДСМ ќе се врати во парламентот, како што е утврдено во втората алинеја од Членот 6 од Договорот од 2 јуни.

2. На 20 октомври 2015 ќе биде назначен нов министер за внатрешни работи по предлог на СДСМ и по консултации со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Овој министер ќе биде технички.

3. На 20 октомври 2015 ќе биде назначен нов министер за труд и социјални политики, по предлог на СДСМ.

4. На 20 октомври 2015 ќе бидат назначени нови заменик-министри на следниве министерства:

а. Министерството за внатрешни работи, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ

б. Министерството за труд и социјални политики, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ

в. Министерството за финансии, по предлог на СДСМ

г. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предлог на СДСМ

д. Министерството за информатичко општество и јавна администрација, по предлог на СДСМ.

Овие заменик-министри ќе имаат целосно право во своите министерства да ги прегледуваат и да стават вето на сите законски, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите.

Сите гореспоменати нови министри и заменик-министри ќе останат на своите позиции во новата влада наведена подолу.

5. Актуелната влада навремено ќе ја поднесе својата формална оставка до парламентот за да ѝ овозможи на новата влада да стапи на функција на 15 јануари 2016, 100 дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април 2016. Новата влада ќе биде предводена од премиер по предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Нејзината владина програма ќе биде ограничена на организирање на предвремените парламентарни избори.

Овие одредби, само што сега наместо СДСМ треба да стои ВМРО-ДПМНЕ, важат како што се вели во точка 6 и за „сите идни избори“. Гарант на овој договор меѓудругите беше и Јоханес Хан, па оттука, индикативно е што токму денеска СДСМ ги протна измените на Изборниот законик со кои ќе може да се избере составот на ДИК без опозицијата и што самиот Заев изјави дека техничка влада нема д аима. По денешниот ден, јасно е дека и Хан застана зад ова.