На Русија веројатно ќе и требаат две до четири години за да ги врати своите вооружени сили на нивното ниво пред војната во Украина, изјави синоќа естонскиот министер за одбрана.

Хано Певкур, кој е во посета на САД, тврдид ека претстои долг конфликт и го повикува Западот да ги поддржи Украинците додека не постигнат победа за „слободниот свет“. Тој рече дека западните санкции најмногу влијаеле на производството на авиони и одржувањето на хеликоптерите, лишувајќи ја Русија од клучната борбена опрема.

Во коминикето на Стејт департментот по состанокот со неговиот американски колега Лојд Остин се нагласува дека е неопходно да се задржи силната поддршка за Киев и понатаму.