Министерот за здравство ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија Данил Петровски оти се однесувал опозициски, а бил поставен од Владата. Според Демири тоа е недозоволиво.По низата обвинувања од страна на вработените, за незаконското работење, не на медицинскиот директор, туку на организациската директорка Бесија Иљази, министерот испратил здравствени испектори да утврдат што точно се случувало. Подебелиот крај го извлече Петровски, а министерот тврди дека во работењето на Иљази немало ништо спорно.

И додека министерот предизборно се занимава со разрешување и назначувања на нови директори, на Клиниката за токсикологија се редат скандали. Болничар правел притисок кај лаборант да замени урина  на пациент во која имало наркотици, со чиста урина.Тој го призна тоа, велејќи дека услугата не му била завршена.

Лаборантот од кој било побарано да ги измени резултатите…вели не го направил тоа оти било кривично дело.

За случајот знаеле и директорите и министерот Демири, но и покрај тоа, болничарот не бил санкциониран.

Докторите си ги раскажаа маките со кој се соочуваат на работно место, велат ова е страшно за нас, а уште пострашно за пациентите. Главен проблем им е комуникацијата со организациската директорка Бесија Иљази, според нив сите нерегуларности зависат од неа.

Канцеларијата на најповиканата Бесија Иљази денеска беше заклучена

Конечно по неколку часа, таа одржа ненајавена пресконференција, но само на албански јазик без да обезбеди превод на македонски по што новинарите во недостаток на комуникација ја напуштија пресконференцијата.