Нема потреба од паника во земјава поради мајмунските сипаници, а здравствени власти не очекуваат драматичен развој на настаните, истакна Александар Петличковски, претседателот на Комисијата за заразни болести непосредно по денешниот состанок посветен на оваа болест.
Тој потврди дека еден од двата сомнителни случаи на заразени со мајмунски сипаници е негативен. Се работи за хоспитализираниот мигрант кој вчера беше повреден во сообраќајната незгода на патот Гевгелија-Демир Капија, по што поради сомнеж за оваа болест бил тестиран и задржан на Инфективната клиника. За вториот случај, каде се работи за сомнителен
Петличковски појаснува дека стапиле во контакт со семјеството, и се надеваат дека кај пациентот ќе проработи совеста и ќе се тестира.
„Епидемиолог од Битола бил два пати на место на живеење на овој сомнителен пациент, разговарано е со неговата фамилија и објаснето е дека тестирањето е во интерес на сите. Повторно ќе се повикам на личната одговорност, ние немаме законска можност да го присилиме да се тестира бидејќи никаде во светот тоа не се прави за оваа болест. Ова не е болест со која следи задолжителна изолација, во облик на препорака е“, истакна Петличковски.
Како можен начин на разврска на случајот, од Комисијата за заразни болести најавија дека ќе побараат од Министерството за здравство да се направи здравствен надзор над лицето, за институциите да стигнат до него и да го убедат за тестирање. За контактите на овој пациент нема никакви мерки за изолација.
„Ова не е нов ковид, нема место за паника, односно не очекуваме сериозно ширење на оваа болест“, истакна Петличковски.
Тој нагласи дека мајмунските сипаници не се пренесуваат лесно и потребен е многу близок контакт. Додаде дека во земјава има околу 3300 тестови за детектирање на болеста.
Претходните два дена, меидумите известуваа дека се чекаат резултатите од тестот на сомнителниот кичевец. Потоа се покажа дека избегал од болница, па дека не иабегал туку дека бил под контрола, за на крај да испадне дека од сето тоа неа ништои дека не е ни тестиран.