Пратеникот од СДСМ во Собранието на РМ, наскоро РСМ, Хари Локвенец, во емисијата Отворено со Искра Коровешовска, на констатацијата дека велел дека нема да се менува Уставот, изјави дека тогаш мислел дека нема да има потреба за тоа. На прашањето дали следи федерализација на Р(С)М, сега вели дека тоа нема да се случи.

Овие негови зборови веднаш предизвикаа реакција и иронија на социјалните мрежи.

Ова беше само една од поентите во емисија во која гостин беше и Антонио Милошоски.

Тој меѓудругото го посочи разговорот кој го имал со еден од осумте пратеници кои го дале гласот за отворање на Уставот.

Во разговор со Милошоски опозицискиот пратеник кој гласал за уставните измени му посочил дека доколку не гласа за Република Северна Македонија ќе лежи 15 години затвор, а тој го дал својот глас за да се спаси од затвор.

-Пратеникот дојде и лично ни кажа. Тоа е пратеник со кој што ја сум одел во кампања, го познавам многу подобро од вас.

Дојде дента и беше блед како крпа, него шест месеци го малтретираат по комбиња по затвори по притвори, носење рано на судови, праќање дома. Самиот кажа, ми рекоа дека ќе ме осудат на 15 години доколку не гласам за смена на Уставот и човекот гласа за да се спаси.