Наскоро, кафе во Приштина без ПЦР-тест, објави на Фејсбук новиот заменик-министер за здравство Илир Хасани.
Тој е заменик на министерот Венко Филипче, а на оваа функција стапи пред неколку дена, кога ја презеде функцијата од досегашниот заменик-министер Арменд Арслани.
Хасани досега беше директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар.
И министерот Филипче вчера најави дека се водат разговори меѓу земјите од регионот за да се отворат границите без ПЦР тестови.
– Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје, изјави вчера Филипче.