Д-р Кемал Рушити од скопката Клинка за дигестивна хирургија при Клиничкиот центар „Мајка терзеа“ пред малку информираше дека е позитивен на Ковид 19.

„Почитувани, чувствувам морална и професионална одговорност да ве информирам дека вчера се тестирав на Коронавирусот и резултатот е позитивен. Да споделиш своја болест во јавноста е тешко, но драги мој длабоко сум убеден дека колективното здравје во моментов е поважна од секое индивидуално здравје. Се надевам дека ќе бидам во вашите молитви“, пишува тој, а на крајта додава:

„Цело време носев маска Н95, но ве молам, секој кој бил во контакт со мене, а чувствува потреба за консултаација, тоа нека го направи преку матичниот лекар и со епидемиолог преку телефон.“