Ефектите од заклучувањето би можеле да бидат причина за повеќе смртни случаи во Велика Британија отколку што предизвикал Ковид, пишува Деили мејл, бидејќи се регистрирани скоро 10.000 смртни случаи повеќе од петгодишниот просек, покажаа податоците на Бирото за национална статистика (ONS).

Податоците се објавени во вторникот, и тие откриваат дека во Британија секоја недела умираат околу 1.000 повеќе луѓе отколку што е тоа вообичаено од болести и состојби различни од Ковид.

Ова ја прави стапката на прекумерна смртност за 14,4 отсто повисока од петгодишниот просек, што значи дека 1.350 повеќе луѓе починале од вообичаеното во неделата што заврши на 5 август.

Смртните случаи поврзани со „Ковид“ сочинуваат 469 од нив, но останатите 881 „не се објаснети“. Од почетокот на јуни, регистрирани се речиси 10.000 повеќе смртни случаи кои не се поврзани со Ковид, а кои се повеќе од петгодишниот просек, што изнесува околу 1.089 неделно.

Оваа бројка е над три пати повеќе од бројот на луѓе кои починале од Ковид, 2.811, во истиот период.

Анализата на ONS ги зема предвид промените на стареењето на населението, но сепак откри „значителен тековен вишок“.
Ефектите од „заклучувањето“ за време на Ковид би можеле да предизвикаат повеќе смртни случаи од самиот вирус, бидејќи се регистрирани скоро 10.000 повеќе смртни случаи од просекот во пет години, открија податоците на ONS.

Телеграф објави дека Министерството за здравство можеби наредило истрага за загрижувачките бројки бидејќи постои потенцијал тие да се поврзат со доцнењето на медицинскиот третман како резултат на тековното оптоварување на здравствениот систем.

Заклучувањата го одложија третманот за состојби вклучувајќи рак, дијабетес и срцеви заболувања, при што Британската фондација за срце изјави на публикацијата дека е „длабоко загрижена“ од наодите.

Здружението за мозочен удар соопшти дека веќе некое време очекувало пораст на смртните случаи.

Истакнувајќи го „вознемирувачкиот“ број на состојби на менталното здравје, неоткриените карциноми и срцевите проблеми, доктор Чарлс Левинсон, запрашал: „Стотици и стотици луѓе умираат секоја недела, што се случува?

„Доцнењата во барањето и добивањето здравствена заштита несомнено се движечката сила, според мене. Дневните статистики на Ковид бараа внимание на нацијата, но овие застрашувачки бројки едвај можат да се видат. Веднаш е потребна целосна и итна владина истрага“, изјави тој за Телеграф.

Само минатата недела ширум Англија статистиката покажа дека стандардите за итна помош во болниците го достигнаа најниското ниво на сите времиња, при што над 20.000 пациенти се соочуваат со 12+ часа чекање за медицински третман.

Во овие две години на Ковид, во Македонија има околу 10 000 починати луѓе повеќе откоку вообичаено, главно поради затвореноста на здравствениот систем, но никому не му паѓа на памет да се возбудува поради тоа, а камоли да побара истрага.