Протестниот собир на учениците од Филолошката гимназија во Белград заврши, а демонстрантите побараа во рок од 48 часа да биде ослободен Павле Цвејиќ и да биде избришано неговото досие.
Средношколците истакнаа дека доколку Цвејиќ не биде ослободен повторно ќе има протест на кој ќе учествуваат учениците од сите училишта во Белград.
Демонстрантите истакнаа дека „политичката определба не смее да влијае врз образованието“ и дека Цвејиќ е уапсен „поради политичката определба и граѓанското право да протестира“. Тие исто така наведоа дека „секој ден ќе изнајдат начин за да се солидаризираат“ со Цвејиќ.
Средношколците тврдат дека нивниот другар е бесправно уапсен бидејќи учествувал на протестите и е осуден на 30 дена затвор. Тие потенцираа дека не се собраа ниту поради власта ниту поради опозицијата, туку да му пружат поддршка на Цвејиќ.