Иран упати предупредување до САД, нагласувајќи дека американските бродови кои ќе се обидат да ги блокираат иранските пристаништа ќе бидат „испратени на дното на морето“, јавија иранските државни медиуми.
Предупредувањето е одговор на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги „елиминира сите ирански бродови во близина на пристаништата под американска блокада“, јави иранската државна телевизија PressTV.
Алаедин Боруџерди, член на иранскиот Комитет за надворешна политика и национална безбедност, ја нарече американската блокада воена пропаганда, изјавувајќи дека сите бродови на американската морнарица кои ќе се обидат да ги блокираат иранските пристаништа ќе бидат „испратени на дното на морето“.
Тој рече дека САД „немаат реална способност“ да ја спроведат заканата и процени дека другите членки на НАТО нема да го поддржат тој потег.
Во меѓувреме, командантот на елитните сили Кудс на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), бригадниот генерал Есмаил Кани, изјави дека САД и израелскиот режим на крајот ќе се повлечат од Западна Азија без никакви достигнувања.
„Режимите во Вашингтон и Тел Авив треба да се сетат како побегнаа од Јемен, од теснецот Баб ел-Мандеб и од Црвеното Море“, објави PressTV. „Тие ќе се повлечат од регионот без никакви достигнувања“, рекол иранскиот генерал Есмаил Кани.
Фото: архива




