Норвешкиот парламент едногласно ги договори плановите за драстично зголемување на буџетот за одбрана во следните 12 години, соопшти владата, пренесува ДПА.
Планот предвидува дополнителни 600 милијарди норвешки круни (56,9 милијарди долари) во следните дванаесет години за зајакнување на војската на земјата.
Партиите се согласија и на зголемување од 11 милијарди круни, со што вкупната потрошувачка ќе достигне 611 милијарди круни.
Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе ги нарече „историски“ измените на парламентот во планот за одбрана.
– Ова е важен сигнал за нашите сојузници и другите дека Норвешка е обединета во зајакнувањето на својата одбрана, рече Сторе.
Тој додаде дека ова е првпат сите партии во парламентот да се согласат за план за зајакнување на одбранбените сили.
Првично, владата предложи купување на пет нови подморници во април, но парламентот додаде дополнителна подморница и систем за воздушна одбрана со долг дострел.
Норвешка има за цел да потроши околу три проценти од својот бруто домашен производ за одбрана во 2036 година, надминувајќи ја сегашната цел на НАТО од најмалку два отсто. Новиот план за одбрана треба да биде одобрен на 11 јуни.
Членката на НАТО, Норвешка се граничи со Русија во Арктичкиот круг, а нападот на Кремљ врз Украина ја исплаши скандинавската земја, коментира ДПА.