Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска напладне ќе ги посетат припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево.

-За време на посетата претседателот Иванов ќе им ја честита Новата 2019 година, на припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на новогодишните празници во оваа касарна, како и преку видео конференциска врска на припадниците во мисиите во Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина, информираат од ГШ на АРМ.