Израелската Влада соопшти дека ќе „увезе“ 65.000 странски градежни работници од Индија, Шри Ланка и Узбекистан за да продолжат со изградбата на повеќе локации, кои беа прекинати по нападот на Хамас на 7 октомври.
Околу 72.000 палестински градежни работници работеа на градилиштата во Израел пред нападот, но Владата ги отпушти и не им дозволи да се вратат во Израел од безбедносни причини.
Во Израел сега има околу 20.000 странски работници, но речиси половина од градилиштата се затворени поради недостиг на работна сила.
Портпаролот на израелското Министерство за градежништво и домување истакна дека се очекува следните недели да пристигнат новите групи странски работници во Израел.
фото: МИА архива