Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич соопшти дека буџетот на земјата за 2023-2024 година повеќе не е соодветен поради војната во Газа и дека ќе биде променет, пренесоа британските медиуми.
Според Смотрич, дневните трошоци за војната на Израел во газа изнесуваат една милијарда шекели (246 милиони долари), не вклучувајќи ги индиректните штети поврзани со забавувањето на економската активност и деловната парализа поради мобилизацијата на стотици илјади резервисти и секојдневното гранатирање.
Истовремено, тој посочи дека намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата од страна на агенцијата Стандард и Пурс (Standard & Poor’s) од „стабилен“ на „негативен“ нема да има значително влијание. Министерот, сепак, изјави дека тоа треба да се земе предвид и додаде дека не очекува земјата да акумулира голем дефицит поради војната.
Тој го пофали гувернерот на израелската централна банка, Амир Јарон, кој требаше да се повлече, но поради кризата го продолжи својот мандат за колку што е потребно.