Џихадистичката група Исламска држава (ИД) во моментот има од 20.000 до 30.000 членови во Сирија и во Ирак, покажува најновиот извештај на Обединети нации.

Но, во извештајот се посочува дека Ал Каеда претставува растечка закана.

И покрај поразот на ИД во Ирак и во голем дел од Сирија, експертите наведуваат дека многу нејзини припадници останаа во тие земји, некои и понатаму учествуваат во борбите, а дел од нив се кријат .

Во извештајот што е претставен пред Советот за безбедносѕ на ОН се посочува дека најверојатно ќе опадне поддршката за ИД во Сирија и во Ирак, но оти џихадистичката група ќе има значителна поддршка во Авганистан, во Либија, во Југоисточна Азија и во Западна Африка.

Експертите на ОН посочуваат дека Ал Каеда и понатаму опстанува со своите сојузници во Сомалија, во Јемен, во Јужна Азија и во африканскиот регион Сахел.