Нападот врз Саздовски по автоматизам може да се квалификува како напад врз неговиот живот и тело, што значи кривичмно дело тешка телесна повреда со смртна последица или убиство, а не дело против јавиот ред и мир, како што го квалиификува власта со поднесување пријава за „насилство“ од член 386 од КЗ. Оваа пријава  ова е дело не е соодветно з аубиството ан Саздовски бидејќи го покрива силеџиското однесување и однесувањето на спортски натпревари и не е подобно да донесе правда во случајот со Саздовски, иако став 6 предвидува и казна за смртна последица, истакна Дарко Јаневски на денешното гостување во Алфаплус со Лазе Темелков.

Што се однесува до наводниот прием во НАТО, Јаневски истакна дека ниту сме добил покана, ниту денекса или утре ќе добиеме, а власта ги манипулира граѓаните со лажни ифнормации во врска со ова.  Слично е и со ЕУ. И на двете места треба да се јавиме откако ќе го смениме Уставот, а се друго е лага што ги зголемува тензиите кај населението.

Власта според Јаневски има две опции: едната е да одржи референдум и да го фалсификува, другата е да најде друг начин да собере 80 пратеници (на пример избори) и без референдум да го смени Уставот, истакна меѓу другото Јаневски.

Целата емисија полгедајте ја на следното видео: