Игор ЈАНУШЕВ

Ако Талат или било кој ми ги спомне уште еднаш малолетните деца, нема добро да заврши. И ова не е закана, ова е ветување!

Доколку со тоа што ми порача – ако имам проблем со нечив син да излезам надвор и да се видам и ако мислеше на тоа да ги вкрстиме нашите правни познавања, бидејќи јас сум дипломиран правник, тогаш не надвор, му предлагам да одбере на било која ТВ, било кога, под било кои услови, да го вкрстиме знаењето за правната проблематика.

А, ако мислеше на некоја друга пресметка, нема проблем и за таква. Но, не надвор и не без камери, со камери, за да не биде после не видов, не знам, кој кого, повеќе беа или помалку беа. Не бегам од тоа. Немој да мислите дека се плашам!
Ако се сомнева дека било кој во Собраниево користи дрога, слободно заклучете ги вратите, повикајте служби, би ја повикал и цела Влада, но донесете и дрегери и ќе направиме тест и за дрога и за алкохол. И да не излеземе додека не ги добиеме резултатите!