Гордана Силјановска Давкова е изборот на народот. Народот покажува дека е мудар и секогаш во право, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на вечерашната прес конференција.
-Водиме во огромен број на општини и избирачки места, против народ не се може. Од 43 проценти обработени избирачки места водиме во Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, но и во Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода. Од веќе обработените податоци победивме во Пехчево, Јагуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш и Ѓорче Петров, изјави Јанушев.