Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 март.

Денеска е Преподобна маченица Евдокија.

Оваа Евдокија беше богата жена и живееше во Хелиопол, во Сирија, кон крајот на првиот и почетокот на вториот век. Беше позната по својот распуштен живот. Нејзината куќа беше прилепена до еден христијански дом, каде во една прилика беше отседнал некој монах Герман. Една ноќ таа го слушна Герман додека се молеше и на глас читаше некоја книга за Господовиот суд, па се свести за својот дотогашен живот и поверува во Христа.

Откако се крсти, отиде во еден манастир, каде се подвизуваше долги години. Најпосле, пострада за Христа за време на едно гонење при римскиот император Хадријан.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Матилда.

Била родена во 895 година во Енгер. Се омажила за синот на војсководецот Хенрик и имала пет деца. Заедно со нејзиниот маж изградила многу цркви и манастири. Кога умрел нејзиниот маж побарала утеха во верата. Била советничка на нејзиниот син, римскиот цар Отон Први Велики. Таа многу им помагала на сиромашните луѓе. Умрела во 968 година.