КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Собор на св. архангел Михаил

/ 21.11.2020

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 ноември. Денеска е Собор на св. архангел Михаил.

Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска. Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит „За небесната хиерархија“.

Постојат девет ангелски чинови: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими, богоносните Престоли, потоа Господствата, Силите, Властите, Начелата, Архангелите и Ангелите.

Според Католичкиот календар денеска е Празник на Богородица за здравје.

Кога во 1630 година на подрачјето на Млетачката република пустошела чума, која во Венеција покосила 80.000 животи, млетачкиот Сенат и се обратил на Богородица за помош. Било направено ветување на денешен ден во 1631 година, дека, ако исчезне чумата, ќе биде изградена црква. Ветувањето било исполнето, а величенствената црквата и денес ја посетуваат туристите кои доаѓаат во Венеција.

Во болеста, човекот ја чувствува својата ограниченост, немоќ, слабост и затоа му е потребна морална сила. Таа помош, човекот ќе ја добие молејќи и се на Марија, т.е. на Празникот за здравје.


Од истата категорија