КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. Порфириј епископ на Газа, роден во Солун, а на служба во црквата на гробот Господов

/ 11.03.2022

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 февруари.

Денеска е Св. Порфириј епископ на Газа.

Порфириј се родил во Солун. Живеел во четвртиот век. Откако го засакал подвижничкиот живот, на 20-годишна возраст отишол во Египет и се замонашил. Подоцна подвигот го продолжил во Палестина. На чудесен начин бил избран за епископ на Газа, во време додека се наоѓал на служба како свештеник во црквата на гробот Господов. Во Газа управувал со Црквата 25 години во многу тешки услови. Се упокоил во 401 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Благословен Доминик Кам.

Во младоста тој го почувствувал Божјиот повик за свештенство. Со голема љубов ја извршувал свештеничката служба. Неговата работа не и се допаѓала на власта, па затоа бил уапсен. Тој признал дека е католички свештеник и оти е подготвен да поднесе било какво измачување, отколку да се откаже од својата христијанска вера. Крвниците се обидувале три пати да му ја отсечат главата, но кога не успеале едноставно му ја отсекле со пила. Доминик Кам умрел во 1859 година не одрекувајќи се од Христос и од црквата.


Од истата категорија