Сегмент од гостувањето на американскиот министер за здравство, Роберт Кенеди Јуниор кај популарниот Бил Махер кој се однеусва на мНРА вакцините проив КОВИД:
Бил Махер: Сакате да ја повлечете вакцината на „Модерна“. А јас таа ја примив.
РФК Јуниор: Таа нема да…
Бил Махер: Што, се согласувате со тоа? Да се повлече?
РФК Јуниор: Мислам дека… Знаете, мислам дека тие вакцини треба… Треба повторно да спроведеме вистински, двојно слепи, плацебо-контролирани тестирања за тоа. Има 25 проценти Американци кои веруваат дека познаваат некој што починал од ковид вакцина.
Бил Махер: Починал?
РФК Јуниор: Да, дека починал. Дваесет и пет проценти од Американците. Педесет и два проценти од Американците веруваат дека вакцините предизвикуваат оштетувања, вклучително и смрт. Педесет и два проценти. Е, па, ако ги погледнете клиничките студии, вистинските студии за вакцината на „Фајзер“, „Модерна“ не се објавени. Ако ја погледнете вакцината на „Фајзер“, имаше 22.000 луѓе во плацебо групата и 22.000 луѓе кои ја примија вистинската вакцина. И кај луѓето што ја примија вакцината имаше 23 проценти повисока стапка на смртност од сите причини на крајот од тоа истражување.
Бил Махер: А тоа да не е од самата болест?
РФК Јуниор: Ако е така, тогаш вакцината не функционира, нели?
Бил Мар: Тоа воопшто не е точно. А јас сум некој што не сакаше да ја прими вакцината и мислев дека не требаше да ме тераат да ја примам, но таа дејствува. Дејствува во смисла дека ако си… многу луѓе ќе умреа бидејќи немаа добро здравје. Најмногу ги убиваше дебелите и многу старите луѓе, такај? Тие луѓе се денес живи, мислам дека е благодарение на вакцината. Мислам дека тоа е вистината. Дали има и компликации? Да. Мислам, анегдотски, немам слушнато дека еден од четворица умира…
РФК Јуниор: Никогаш не реков дека еден од четворица умира.
Бил Махер: …Но знам многу луѓе што имаа проблеми, да. Но можеа да имаат и полоши проблеми ако се разболеа. Во тоа е работата. Медицината е секогаш… Така што, јас сум за… Ајде да биде од случај до случај. Секако…
РФК Јуниор: Се согласувам и јас со тоа. Верувам дека ако луѓето сакаат вакцина треба да можат да ја добијат. Јас не сум против вакцините. Тоа што го зборувам е дека…
Бил Махер: Па, луѓето мислат дека сте против.
РФК Јуниор: Знам. Ама тоа е затоа што ме нарекуваат… зашто тоа е начин да ме замолчат. Но веќе 17 години зборувам дека не сум против вакцините, туку само сакам добра наука. Луѓето треба да можат да донесат информиран избор. Јас сум против задолжителната вакцинација.




