Портпаролот на кинеската Националната здравствена комисија Ми Фенг денеска изјави дека во болниците во Вухан нема повеќе заболени од Ковид-19.
– Последната вест е дека на 26 април бројот на новозаболени од коронавирусот во Вухан е нула, благодарение на заедничките напори на градот и медицинскиот персонал од сите краеви на земјата, посочи Ми.
Во Вухан беа регистрирани 46.452 случаи на Ковид-19, што е 56 проценти од бројот на заразени во Кина. Во градот починаа 3.869 луѓе, што е 84 отсто од вкупниот број на смртни случаи во Кина.
Досега во Кина се евидентирани 82.827 заразени луѓе со Ковид-19, од кои 4.632 починале, а 77.394 оздравеле.