Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази задоволството на изданието на неговите избраници во полуфиналето од Лигата на шампионите со Виљареал.

„Црвените“ синоќа на „Енфилд“ победија со 2:0.

– Јасно беше дека треба да продолжиме да притискаме цел натпревар. Штом Виљареал го надмине притисокот, веднаш создава закана. Но, во најголем дел, завршивме одлична работа и одигравме многу добар натпревар. Се движевме многу добро во првото полувреме, требаше да се задржи оптимизмот и ставот. Засега се оди добро. Сега ќе одиме за Виљареал и ќе се обидеме да стигнеме до финалето. Во реваншот треба да бидеме претпазливи и да работиме со апсолутно ист став како и на првиот меч. Имаме предност 2:0 што не е лошо, подобро е од пред почетокот на натпреварот. Но, ние сме свесни дека се уште не сме ја завршиле работата, рече Клоп.

Реваншот е на 3 мај на теренот на Виљареал.