Илија Мајсторов

По толку промашувања на оваа „наша демократска Влада“ и по сите гафови кои, помалку или повеќе ги прават исти политичари или личности од нивното опкружување, трудејќи се да се прераскажуваат себеси во друга форма, а со нови случувања. Ајде да речеме дека има ситуации во кои после оркестрирани наезди на одбрани – оправдувања од платенички медиуми, но, без малку, постојано го слушаме познатото, „има парашања кои не заслужуваат одговор“, за сѐ она што излегува од устата на Премиерот – „демократ“.

Многу е интригантно тоа што, по „демократските збиднувања“ (избор на лидер во СДСМ со само еден кандидат), ме доведува да се најдам вчудоневиден и да се прашувам, што би било адекватно да изјави премиерот?! А тој, големиот „демократ“, сигурен сум дека не зборуваше саркастично, а очигледно не беше и пијан!? А по кратко време можеби ќе се појави некој од неговите „шарени револуционери“ кој ќе го раздрма и ќе му ги стреси рамениците со флоскулата: ,,Брачкааа?!? Се слушаш ли ти што зборуваш?!?“

И токму во овој период кога ковакс – системот не функционира, вакцини нема ниту за лек и луѓето сѐ пожестоко од очекувањата умираат, а Премиерот ни нуди и ликува со замаглена демократија. Најстрашно од сѐ е тоа што неговата „демократија“ дозволува, во овие услови, три ипол илјади мртви, што значи, 50- 60 илјади луѓе, кое фамилија, кое роднини завиени во црно, а ние, покрај сѐ, се очекува да се попишуваме, да гласаме?! Замислете, нашиот ни демократски Премиер, „мртов ладен“ врши и друго злодело…

За да ги оправда големиот број Албанци во Парламентот ги пушта, како што велат гулабарите, „полуртија“, што значи двата најмоќни гулаби во албанска агитација. Не сум сигурен дали, во сета дрскост, тоа поотворено го прави Бујар Османи, како министер за надворешни работи, повикувајќи ја дијаспората, (веројатно на албански јазик) да се попишува или е дури уште подрзок вицепремиерот Артан Груби со сочни навивачки страсти. „При очи – слеп“, што би рекол нашиот (не)среќен народ.

Дали, конечно, ќе прогледа демократот Зоран Заев, удавен во некоја своја нова политика и нов демократски поход? Дали дел од походот е трошење на народни пари за своите пајташи или само на двајцата адути кои, заедно со нивниот ментор, го седнаа за Премиер!? Но, очигледно, немаат кочници на лизгавиот македонски терен и веќе отидоа надвор од црвената линија. (ТИЕ и да го сметнат од престолот!) А тоа подразбира газење на македонизмот, албанизација на државата и бесчувствителна, напоредна цивилизација, демократска мајоризација на македонското население за сметка на една привилегирана нација.

Господа од власта, (ако веќе не е доцна!), нурнете во историската вистина со сето свое битие. Прочитајте, бре, по нешто! Во предметот Историја, (онаа што сакате, а, сепак, не ќе можете да ја избришете), пронајдете ги нашите национални дејци кои паралелно се бореле за Македонците, но и за другите народи со кои живеат заедно. Периодот на државотворноста на земјите во опкружувањето, која се одвивала во средината на 19 век, ја крие сета вистина која оваа власт не ја знае или не сака да ја осознае. Покрај многуте дејци за македонската кауза, од Теодосие Синаитски, Кирил Пејчиновиќ, Браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Григор Прличев, Крсте Мисирков, Кочо Рацин, Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Блаже Ристовски и уште многу други ненаведени во овој текст, а во наведениве, по случаен редослед… предлагам во плејадата да не изостане преродбеникот од Галичник Ѓорѓија Пулевски (1817 – 1895), со револуционерно, комитско, литературно, лексифографско, картографско, филолошко, историско и национално политичко дело во својата богата биографија.

Конечно, „НАША ВЛАДО“, Премиере – „демократу“, ако умеете, почнете со работа врз загубените македонски, национални интереси и идеали, а во спротивно итно и безусловно – заминете во Историјата! Тамо нема кој да ви ги прочита гафовите, (та нели предметот Историја, според вашите поддржувачи, не постои!?) Жан Жак Русо велеше: „Луѓето се родени слободни, но јас насекаде ги гледам оковани во пранги.“ Во виртуелната „Европа без граници“, Македонија, со децении чекори во окови со кои ни ги врзуваат нозете пред да стигнеме кон дострелот именуван како ЕУ, а дел од нив нѐ удираат по рамо и ни се подбиваат.

(Авторот е дипломиран економист)