КОРОНА ВИРУС: Триесет и тројца се во домашна изолација

/ 07.03.2020

Двајцата сопружници кои се заболени од коронавирус се на Инфективна клинка и се во стабилна состојба но поради возраста се во ризична група, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вели дека на Клиниката има услови да се интервенира ако има влошување на нивната здравствена состојба. Со сопружниците во автобусот се возеле 24 пациенти, а не 40 како што првично беше соопштено

-Контактирано е со уште 9 лица кои биле во контакт на сите им е назначена домашна изолација и здравствен надзор. Сите патници кои биле во автобусот се контактирани и тие се во домашна изолација. Возачот на автобусот пак бил на тура за Италија и пред пола час пристигнал на Табановце. Тој и сите патници ќе бидат ставени во посебна просторија а возачот ќе биде тестиран. Што ќе се преземе понатаму ќе зависи од тоа што ќе покаже тестот на возачот – рече Филипче.

Тој рече дека во Демир Капија е спремен објект, а изолација како дополнителен капацитет. Тоа е нов објект изграден од Министерството за труд и социјална политика.

Министерот апелира пациентите да кажуваат вистински податоци на граница. Секој кој ќе добие симтоми на грип а патувал во некој од регионите каде има заболени или бил во контакт со такво лице да не оди на матичен лекар, туку помош да побара во епидемиолошките служби за да може брис за тестирање да му биде земен во домашни услови.


Од истата категорија