Во Технолошко индустриската развојна зона – Штип се одржува настан по повод почетокот на градежните работи за инвестицискиот проект на компанијата „Магна Мехатроникс“, со учество на премиерот Димитар Ковачевски, потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“ Дејвид Креспи и на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Инвестицијата е во вредност од 40 милиони евра и според најавите првично ќе се вработат 600 лица. Во фабриката ќе се произведуваат електро-механички делови за автомобили.

Како што е познато, Ковачевски лани во Тетово беше на настан на свечен почеток на градба на фабрика за електрични автомобили. Од таа фабрика до денес нема ништо освен настанот на кој премиерот Ковачевски со министрите и коалициониот партнер ДУИ направија промоција на инвестицијата.

(Д. Г.)