Нема починати, но има повторно скок на бројот на новозаразени од коронавирус во Македонија, каде од Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа се регистрирани 21 нов случај од направени 3.227 тестирања, а 7 се оздравени.

Од новодијагностицираните, 11 се во Тетово, по тројца во Скопје и Куманово, двајца во Струга и по еден нов случај во Гостивар и Штип.

Од седумтемина оздравени, по двајца се во Скопје и Куманово и по еден оздравен имаат Битола, Тетово и Кичево.

Епидемиолошка анализа по градови на вкупно заболени и на активни случаи во моментов:

Скопје 68 711, Активни 66

Куманово 8887, Активни 12

Прилеп 8328, Активни 3

Тетово 7307, Активни 65

Битола 6310, Активни 5

Велес 5474, Активни 0

Гостивар 5189, Активни 8

Кавадарци 5155, Активни 2

Охрид 5021, Активни 11

Штип 4961, Активни 1

Струмица 4123, Активни 5

Струга 2985, Активни 4

Кочани 2792, Активни 0

Кичево 2600, Активни 12

Гевгелија 2195, Активни 0

Неготино 2184, Активни 0

Свети Николе 1524, Активни 0

Ресен 1234, Активни 0

Крива Паланка 1227, Активни 0

Радовиш 1161, Активни 0

Берово 1032, Активни 2

Делчево 973, Активни 0

Дебар 942, Активни 1

Виница 886, Активни 0

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 667, Активни 0

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 0

Демир Хисар 400, Активни 0

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 377, Активни 0

Македонски Брод 359, Активни 0

Пехчево 269, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 0

Дојран 132, Активни 0

Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 155 823 од направени 914 381 тестирања. Оздравени се 150 139 пациенти,  починати 5487, а активни 197 случаи.