Вкупниот број на заразени случаи со коронавирус во светот надмина три милиони, а само во САД се речиси еден милион лица – 987.322.

Во светот досега се починати вкупно 207.090 луѓе, активни случаи се 1.913.443, во тешка состојба се наоѓаат 57.634, а оздравени се 888.552 лица.

Во САД бројот на смртни случаи изнесува 55.415 луѓе.

Според последните информации, втора земја во светот е Шпанија, која има потврдено 226.629 случаи на зараза со коронавирусот. Во таа држава починаа 23.190, а поголем број жртви во Европа има единствено Италија – 26.644 лица.

Италија моментно бележи вкупно 197.675 заразени, а активни случаи се 106.103.

Франција има вкупно 162.100 заразени и 22.856 жртви.

Петта во светот, а четврта во Европа, е Германија со 157.495 заболени и 5.944 починати, а потоа следува Велика Британија со 152.840 заразени и 20.732 смртни случаи. Турција брои 110.130 заразени и 2.805 жртви.

Во првите десет земји по број на заразени се Иран со 90.481 случај на коронавирус и 5.710 починати, Кина со 82.827 заразени и 4.632 смртни случаја и Русија со 80.949 заболени и 747 жртви.

Новиот коронавирус се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, провинција Хубеи. Епидемијата на вирусот во Кина официјално е прогласена на 23 јануари 2020 година, кога цели градови беа затворени во карантин.