odernaШвајцарија е принудена да уништи 10,3 милиони дози од вакцината против коронавирусот на Модерна, бидејќи им истече рокот, соопшти швајцарското Министерство за здравство.
Вредноста на вакцините што треба да се уништат е околу 280 милиони швајцарски франци (294 милиони евра).
Според швајцарското Министерство за здравство, 2,5 милиони дози од вакцината сè уште се чуваат во воената логистичка база, а 7,8 милиони се чуваат во магацин во Белгија. Стратегијата на Швајцарија за снабдување со вакцини од почетокот на пандемијата беше да се нарачаат повеќе дози отколку што е потребно за 8,7 милиони жители на Швајцарија.
Швајцарија нарача вакцини против Ковид-19 од различни производители. Во јуни швајцарските медиуми објавија дека земјата има вишок од 38 милиони дози на различни вакцини против коронавирусот, чии рокови ќе истечат пред крајот на годината.
Во Швајцарија од почетокот на пандемијата починаа 13.556 луѓе, а речиси 70 отсто од населението е вакцинирано.