КРИМИНАЛНО ИЗИГРУВАЊЕ НА КЗ: ОЈО не нашло говор на омраза во изјавата на Реџепи дека македонскиот народ е див народ!

/ 27.11.2019

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли пријавата против поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, бидејќи заклучи дека не постојат основи на сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела – „Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179 и Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа“.

Спорната изјава Реџепи ја даде при возобновување на темелите на една џамија.

-Џамиите да се попречуваат и да не се одобрува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со господ напред дека ќе дојдат подобри времиња и секаде имаме народ и места… во село Лажец, битолско каде повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие каков див народ е овој со кој сме во соживот. Овие се беспримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика што ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот не се освестува, рече тогаш Реџепи.

Клучен доказ за ОЈО е тоа што во изјавата Реџепи никаде директно не кажал „македонски народ“.

-Клучен елемент на кривичното дело – Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179 од Кривичниот законик претставува намера јавно на подбив да се изложи македонскиот народ и припадници на заедниците кои живеат во државата, а при дадената изјава пријавениот никаде директно не споменува македонски народ, ниту припадници на заедниците со намера да ги измејува – велат од ОЈО. и додаваат дека сослушаната судијка и сама во изјавата пред надлежниот обвинител истакнаа дека не се чувствува загрозена и не препознава говор на омраза во зборовите на пријавениот, велат од ОЈО.


Од истата категорија