Кумановец бил силуван од две непознати лица, во домот на неговата познаничка во Куманово, а таа со мобилен телефон го снимала грозоморниот чин.
Вчера во 22:53 часот во СВР Куманово, Ј.М. од Куманово пријавил дека околу 19:30 часот, во дом во населба „Карпош“ во Куманово, сопственост на А.И. од Куманово, која била негова познаничка, две непознати лица врз него вршеле полови дејствија, додека А.И. снимала со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.