Се молат професорите по македонски јазик и по меѓународно право да го земат црвеното пенкало и да ја прегледаат следната писмена работа, пишува социјалдемократката Софија Куновска.

„Можеби недоволно зборуваме, ерга омнес значи мој однос наспроти сите, тоа е ерга омнес, наспроти интер партес и тоа е однос меѓу двајца, меѓу Македонија и Грција. Сега ерга омнес се појави дополнително и за внатрешна употреба, но се работи за политичко прашање. Зошто политичко? Затоа што двете страни мора да изнајдат решение коешто е взаемно прифатливо, за да помине низ институциите на двете земји. Јас можам да кажам дека при овој дел на креативноста сите опции се отворени, веројатно. Ние и разговараме кога би се спровел референдум, дали би значело конечност на ова решение во одреден период, а не веднаш, можеби веднаш, па така е најдобро, сето тоа е дел од модалитетите за кои се разговара, така што рамката е многу важна, временската рамка за носењето на одлуките“, вели Заев цитира Куновска која беше прв човек на скопската организација на СДСМ.

Ако вака прецизно се преговара како во цитатот, Господ нека ни е на помош, пишува Куновска алудирајќи на конфузните мисли на премиерот.

Се молат професорите по македонски јазик и по меѓународно право да го земат црвеното пенкало и да ја прегледаат следната…

Posted by Софија Куновска on Sunday, 29 April 2018