Повеќе од еден месец доцнат ластовичките во Скопје, кои пред три години во 2020 година првпат се забележани на 14 март.

Во скопската населба Ново Лисиче, во зградите во Реонски центар има колонија од ластовички, чии гнезда и денеска на 15 април се празни. Дека ластовичките доцнат има потврда од граѓани и од други делови на Скопје.

Но, од пред неколку дена во делови од населбата Ново Лисиче, каде што има дрвја, природа и услови за птици, може да се забележи односно да се слушне гласот на славеите кои се веќе вратени од топлите краишта.

За разлика од ластовиците, штркови се пристигнати во повеќе региони од Македонија, а некои уште минатиот месец.