Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД нема да можат да постигнат долгорочен успех со својата политика на притисоци и санкции.

– Американците имаат една парола дека – Америка е број еден. Тоа заслужува почит, Американците се големи патриоти и секоја чест за тоа. Но, кога оваа парола ќе почне да се применува практично, тогаш таа доаѓа во судир со неопходноста да се бараат компромиси и да се постигнуваат договори, изјави Лавров на обраќање на Форумот на младите руски дипломати во Владивосток, каде во тек е Источниот економски форум.

Како што јави новинската агенција ТАСС, Лавров изјави дека САД веќе често не се ни обидуваат да преговараат, туку веднаш посегаат по санкциите, како што е примерот со Русија, Северна Кореја, и најавените санкции за Кина поради третманот на муслиманското ујгурско малцинство.