Шефот на руската дипломатија Серге Лавров пристигна на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што се одржува во Скопје.

Лавров, кој беше пречекан од министерот за надворешни работи Бујар Османи, не даде изјава за медиумите при пристигнувањето.

За доаѓањето на шефот на дипломатијата на Руската Федерацијa Македонија времено ги суспендира санкциите воведени од ЕУ за прелети на руски авиони поради руската агресија на Украина.

Авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров допатува во Скопје на Министерскито совет на ОБСЕ, прелетал преку воздушното пространство на Турција и на Грција, а не и на Бугарија, јавија руските медиуми. Менувањето на рутата за летот е поради одбивањето на бугарските власти да доволат прелет на авион во кој се наоѓа портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Летот траел повеќе од пет часа.

По потврденото присуството на Лавров, форумот решија да го бојкотираат министрите за надворешни работи на Украина Дмитри Кулеба, на балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија и на Полска.

На Министерскиот состанок се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта, а треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ.

Руски медиуми пред неколку дена пренесоа дека Русија побарала од Македонија, која претседава со ОБСЕ оваа година, да издаде визи за нејзината делегација за министерскиот состанок од 30 ноември до 1 декември. Русија, според руските медиуми, бара визи за 85 членови на руската делегација за учество на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Во делегацијата ќе бидат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, „неговиот лекар, техничкиот персонал, обезбедувањето“, 17 дипломати и 24 новинари, наведуваат руски медиуми.

Авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров допатува во Скопје на Министерскито совет на ОБСЕ, прелетал преку воздушното пространство на Турција и на Грција, а не и на Бугарија, јавија руските медиуми. Менувањето на рутата за летот е поради одбивањето на бугарските власти да доволат прелет на авион во кој се наоѓа портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Летот траел повеќе од пет часа.

Во нотата од бугарското Министерство за надворешни работи, во која имале увид руски медиуми се вели: „Дозвола за учество на горенаведената средба во Скопје е дадена за министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и неговата придружна делегација во согласност со белешката <…>. Дозволата не се однесува на директорот на одделот за информации и печат на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која се појавува на списокот со санкции, во согласност со важечките закони на ЕУ“.

Захарова на Телеграм објави дека одлуката „…Не е само за глупост, туку опасната глупост на некој шегаџија во структурите на моќ во Бугарија“.

– Факт е дека правилата за воздушниот сообраќај се регулирани со Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство од 1944 година. Таа пропишува територијата на една држава да се разбере како „копнени територии и соседни територијални води“. Воздушниот простор не е вклучен во терминот „територија“. Во оваа смисла, ефектот од незаконските санкции на Европската Унија не може да се прошири на непрекинат лет на авион на лице на кое му е забранет влез на територијата на државата, пишува Захарова на Телеграм.

Според неа, за првпат во историјата, државни органи забраниле лице во авион, а не авион, бидејќи, според белешката од бугарското дипломатско одделение, на авионот на руското МНР му беше дозволено да прелета.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ноќеска пристигна во Македонија за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ.

На официјалниот твитер профил на руското МНР објавени се фотографии од пристигнувањето на Лавров на меѓународниот аеродром во Скопје на кои може да се види дека тој бил пречекан од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.

Лавров пристигна по завршувањето на неформалната вечера на министрите учесници на состанокот на ОБСЕ.

Учеството на шефот на руската дипломатија беше неизвесно поради меѓународните санкции против Русија по инвазијата врз Украина, но откако Бугарија соопшти дека ќе го отвори небото и ќе дозволи прелет на рускиот владин авион, а ЕУ кажа дека тоа не е кршење на санкциите, од Москва беше потврдено дека Лавров доаѓа во Скопје.

Поради доаѓањето на Лавров, учеството на состанокот на ОБСЕ во Скопје го откажаа министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба, шефовите на дипломатиите на балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија, Маргус Цахна, Кришјанис Каринш и Габриелиус Ландсбергис, и министерот за надворешни работи на Полска Шимон Шинковски вел Сек.зш/са/

Фото: Х (твитер) на руско МНР