Владејачката партија СДСМ веќе почна со предизборната кампања за локални избори и низ градовите се поставени нивни билборди и разделени се флаери како пропаганден материјал.

Деталот што збунува е тоа што на некои билборди СДСМ се фали дека реновирале и изградиле 60 градинки, а на друг пропаганден материјал вели дека изградиле и реновирале 30 градинки.

Од фотографијата која ја најдовме на социјалните мрежи очигледно е дека станува збор за актуелната кампања за локалните избори од 2021 година, а не за стари флаери и билборди поради дизајнот на рекламите и стилот на споредба со опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Уште еден факт кој укажува на свеж пропаганден материјал е тоа што се спомнуваат проекти како „Отворен Балкан“ кои беа потпишани пред околу еден месец.

Дали станува збор за лажирање на отчетот или пак за печатна грешка проценете сами.